Најмладата олимпијка на Летни Олимписки Игри во Токио, едриличарката Еја Гуезгез, која со 16 години беше дел од најголемата светска спортска манифестација, трагично го загуби животот. Таа загина на тренинг откако силен ветер им го превртел бродот.
„Еја Гуезгез, туниската олимписка едриличарка загина за време на тренинг. Нека почива во мир“, објави тунски медиуми.
Еја се подготвуваше за настап на наредните Олимписки игри во 2024 година во Париз, а на тренингот силниот ветер им го превртел бродот со кој едреле.
Eya Guezguez, 16, Tunisian Olympic Windsurfer, has passed away today after an accident at practice.
Eya, along with her twin, Sarra, were the Youngest female athletes at the #Tokyo2020 Olympics…
May she Rest In Peace ? pic.twitter.com/Pvt6lGEscq— Souhail Khmira (@SKhmira) April 10, 2022