Поранешниот австралиски НБА играч, а сега ТВ-коментатор Ендру Гејз моментално остана без зборови откако одеднаш на ТВ-снимката се појави една згодна бразилска навивачка, пред да се соземе и да најде совршен одговор.
Екскошаркарот на Сан Антонио беше коментатор на дуелот меѓу САД и Бразил во Шенжен, кога камерманот најде совршена мета.
„Па, сега сè е важно за Бразил“, по што сопре. „И…, поддршката која ја имаат од своите фанови, кои дојдоа во Кина да ги видат. Тоа е потребно. Потребна е таа емоција и страст на фановите“, изјави Гејз.
Совршено!
Here’s vision from a the Brazil USA game with great commentary from @AndrewGaze10 – hahaha absolute classic #greatsupport pic.twitter.com/xKGCyAScsE
— Rod Anderson (@DJ_Rod) September 9, 2019