Top Sport

Сафин: Медведев лошо момче? Па тој е најголемиот шармер во тенисот

Руската тениска легенда, Марат Сафин вели дека новата тениска ѕвезда Данил Медведев има блескава иднина пред него, но дека му е потребно искуство како да се однесува со навивачите во текот на мечот.

Во интервју за „Раша тудеј“, двократниот гренд слем шампион Сафин зборуваше за најимпресивните моменти на финалето на САД опен, кое Медведев го загуби од Рафаел Надал и го спореди неговто финале на Флешинг Медоуз против великанот Пит Сампрас. Сафин, кој покрај тенискиот талент беше познат по својот темперамент, го брани Медведев кој неколку пати дојде во конфликт со публиката во Њујорк.

„Медведев можеше да го победи Надал. Шпанецот го загуби ритамот на игра и беше пред елиминација бидејќи немаше одговор за него. Но, неговото искуство беше клучно и затоа победи. Тоа е спортот. Медведев стана „лошо момче“? Видете го, тој е шармер! Лошите момчиња изгледаат поинаку. Тој само нема искуство да зборува со гледачите. Работите се нови за него и мора да научи да сработи со нив. Можете да ги натерате да ве мразат, или можете да ги тролате. Тоа е прирордно. Ако се однесуваш природно, играш со своето срце, публиката ќе те сака. Тој има само 23 години и има работа пред него“, вели Сафин.

Медведев ужива да го мразат во Њујорк

Scroll to Top