Top Sport

Жабер прва Арапка со ВТА титула, Касаткина со бизарна повреда

Тунижанката Онс Жабер во своето трето финале во кариерата, стигна до првата ВТА титула, победувајќи ја Русинката Дарја Касаткина со 7:5/6:4 во финалето на Викинг класик во Бирмингем, и така станувајќи првата Арапка со титула во женскиот тенис.

Жабер, која беше втора носителка во Бирмингем, ги имаше загубено претходните две финалиња – од кое едно во 2018 во Москва токму од Касаткина. Тунижанката исто така има 28 победи во 2021 година, со што е израмнета на првото место со светската тенисерка број 1, Ешли Барти.

Подготвителниот турнир за Вимблдон исто така донесе една од најбизарните тениски повреди во историјата – 24-годишната Касаткина мораше да добие медицинска помош откако во вториот сет во лута реакција на еден загубен гем самата се изгреба на вратот.

Во Берлин, руската тенисерка Људмила Самсонова стигна до својата прва АТП титула во кариерата, победувајќи ја петтата носителка, Швајцарката Белинда Бенчич со 1:6/6:1/6:3.

На Квинс Клаб во Лондон пак, првиот носител, Матео Беретини по тешка битка со 6:4/6:7(5)/6:3 го совлада домашниот фаворит Камерон Нори за да стане првиот дебитант кој победил на ексклузивниот турнир по Борис Бекер во 1985 година

Беретини, кој на патот до финалето победи уште двајца Британци – Ден Еванс и Енди Мареј, станува првиот Италијанец со титулата, која е петта во неговата кариера.

Scroll to Top