Онс Жабер и се одмазди на Елена Рибакина за поразот во минатогодишното финале на Вимблдон, враќајќи се од сет негатива за 6:7(5)/6:4/6:1 победа над актуелната шампионка за пласман во полуфиналето на „Ол Ингланд клубот“.
Казахстанката родена во Москв, Рибакина лани на „Централниот терен“ ја победи Жабер за нејзина прва гренд слем титула, но Жабер во меч кој траеше речиси два часа го крена нивото на игра во последните два сета за одлична победа.
„Пресреќна сум што направи речиси се – прво се налутив, па се смирив и ги ставив работите под контрола“, изјави Жабер.
Противничка на Тунижанката ќе биде Белорусинката Арина Сабаленка, која со 6:2/6:4 ја „збриша“ Американката Медисон Киз, за свое второ полуфинале на терените во Лондон по тоа во 2021. Со оваа победа, шампионката од Австралија опен има 17-1 скор на гренд слем турнирите по пласманот во полуфиналето на Ролан Гарос, и има 6-0 скор во гренд слем четврт-финалиња, и покрај тоа што Киз ја имаше поддршката на публиката.
„Фантастично е повторно да се биде во полуфиналето и едвај чекам да се борам за место во финале. Ви благодарам за атмосферата, иако повеќето навивате за неа. Уживам во играта тука“, вели Сабаленка.
Во второто полуфинале во Лондон ќе играат Украинката Елина Свитолина и Чехинката Маркета Вондроушова.