Top Sport

„Жалам што порано не заплакав во финалето на Ју-ес опен“

„Екип“ го прогласи Новак Ѓоковиќ за спортист на годината. Светскиот број 1, во интервју за угледниот медиум, направил ретроспектива на 2021 година.

Ѓоковиќ годината ја заврши со освоени три гренд-слем титули. Според бројот на најголемите трофеи се израмни со Роџер Федерер и Рафаел Надал. Не успеа само во намерата да го комплетира календарскиот гренд-слем и да стане апсолутен рекордер во оваа категорија. Ѓоковиќ не успеа да го освои Ју-ес опен.

„Ова беше една од оние години кои имаат посебно место во мојот живот. Не само поради резултатите, туку и поради рекордите, пандемијата, емоциите на и вон теренот. Кога ќе размислам драго мие што завршува 2021“, рекол Ѓоковиќ.

Светскиот број 1 се присетил на поразот од Данил Медведев во финалето на Ју-ес опен.

„Тој ден Данил играше подобро од мене. Имаше јасен план и перфектно го спроведуваше. Искрено, не ми понуди многу шанси“.

И покрај тоа што Медведев подобро играше, Ѓоковиќ имаше шанса да се врати во мечот. Преплавен од емоции, кога публиката застана на негова страна, во третиот сет, тој почна да плаче.

„Не сум фаворит кај навивачите и бев подготвен за тоа. Се изненадив кога почувствува дека целиот стадион навива за мене. Тоа не го очекував, ме фатија неподготвен. Плачев поради неверојатната поддршка. Солзите беа од радост. Поради целата таа љубов. Потоа тие солзи се претворија во солзи на тага. Не се предава, но знаев дека ќе биде тешко да се вратам. Жалам што не заплакав порано. Тоа ослободување дојде премногу доцна. Потоа направив брејк, па освоив уште еден гем. Не велам дека ќе победев, тоа сега никој не мпже да го знае. Верувам дека се во животот се случува со причина. Како универзумот или Бог да решаваат што е ќе се случи тој ден“.

Scroll to Top