Top Sport

Расте бројот на заразени во Барселона

Коронавирусот влезе и во фудбалскиот клуб Барселона. Клубот објави дека седуммина фудбалери се заразени со вирусот.

На почетокот на неделата позитивни тестови добија Џорди Алба, Клеман Ленгле, Дани Алвес и Алехандро Балде. Претпладнево клубот потврди дека уште тројца се заразени, тоа се Усман Дембеле, Самуел Умтити и Гави.

Барселона, првиот натпревар во Нвата година ќе го одигра на 2.јануари, против Мајорка. Јасно е дека тренеот Чави ќе има големи проблеми да го состави тимот за ова тешко гостување.

Scroll to Top