Top Sport

Жига Јелар изведе „луд“ скок во Кулм, но нема да биде признат за нов рекорд

Словенецот Жига Јелар пред два дена постигна резултат од 247,5 метри на тренинг на ски летовите во Кулм, Австрија. Сепак, бидејќи се работи за скок изведен на тренинг, а Јелар при слетувањето ја допре земјата со раце, резултатот нема да биде прифатен како нов рекорд.

Вистинскиот рекорд на скокалницата во Кулм беше поставен во 2016 година од неговиот сонародник Петер Превц, кој прелета 244 метри на третиот по големина „аеродром“ во светот.

Вчера во Кулм се одржа официјалното прво натпреварување во сезоната. Првото место го освои Норвежанецот Халвор Егнер Гранеруд со летови од 238 метри и 231 метар. Втор беше Австриецот Стефан Крафт, кој прескокна 232,5 и 234 метри.

Третото место го зазеде Домен Превц со резултати од 236 и 224 метри.

Жига Јелар, по историскиот скок на тренинзите, натпреварувањето го заврши на седмото место. Во првата серија прескокна 212,5 метри, а во втората 200 метри.

Scroll to Top