Адвокатот на Борис Бекер посочил дека пресудата со која поранешниот тенисер е осуден на две и пол години му го уништила животот. Германецот ги прекршил условите за стечај што го прогласил во 2017 година. Половина од казната ќе ја одлежи во затвор, а половина условно доколку примерно се однесува.
„Борис Бекер буквално нема ништо. Нема што да се покаже од неговата блескава кариера ова е трагично“, изјави Џонатан Лејдло, адвокатот на Бекер, додавајќи:
„Овој процес целосно му ја уништи кариерата и ја уништи секоја потенцијална заработка во иднина.
Исто така, Лејдло рече дека угледот на Бекер сега е целосно уништен.
Бекер е поранешен број еден и шесткратен Грен слем шампион, а живее во Англија од 2012 година. Тој беше тренер на Новак Ѓоковиќ од крајот на 2013 до крајот на 2016 година.