Нилс ван дер Пул е единствениот натпреварувач, кој им се спротивставува на Холанѓаните во брзо лизгаање. Брилијантниот Швеѓанец, со време на нов светски рекорд, го освои златниот медал во трката на 10.000 метри.
Откако го освои златото на 5.000 метри, Ва дер Пул истото го направи и на двојно подолгата патека. Победи со време на нов светски рекорд, 12:30.74 метри.
Сребрениот медал го освои Холанѓанецот, Патрик Тест. Изненадувањето го направи Давиде Џото од Италија, кој се закити со бронзата.