Су Имин од Кина и Ани Гисер од Австрија ги освоија златните олимписки медали во сноуборд, во дисциплината биг ер.
Имин, златото го освои со 182,50 поени. За него оваа е втор медал на Игрите во Пекинг. Претходно освои сребро во слоупстајл.
Среброто му припадна на Монс Рјсланд од Норвешка, а бронзата ја освои Макр Паро од Кнанда.
Во женска конкуренција, Гасрр ја одбрани титулата освоена пред четири години во Пјонгчанг. Во финалето Австријката освои 185,50 поени. Среброто заврши кај Зои Садовски-Синот од Нов Зеланд. Садовски-Синот, претходно на Нов Зеланд му го донесе првото злато во историјата. Таа победи во дисциплината слопстајл.
Јапонката, Кокомо Мураса заврши на третото место.
Со натпреварите во биг ер, завршија настапите на сноубордерите на Зимските олимписки игри во Пекинг.