Норвешка ги победи домаќините Јужна Кореја за титулата во тимски пурсуит во брзо лизгање, разочарувајќи ги бројните фанови во „Гангнеунг овалот“.
Хавард Боко, Симен Спилер Нилсен и Свере Лунде Петерсен во трката од осум круга беа подобри за 1.2 секунди од Корејците, во состав Ли Сеунг-Хун, Ким Мин-Сеок и Чунг Џае-Вон, додека бронзата ја освоија Холанѓаните по победата во малото финале над Нов Зеланд. Кореја во Сочи пред четири години во финалето загуби од Холандија.
За лидерот на тимот Ли, ова е четврти медал (едно злато и три сребра), со што е најдобриот домашен спортист на Игрите.
Во женскиот пурсуит, Јапонките успеаја да ја одземат круната на актуелните шампионки Холанѓанките во интересното финале.
Михо Такаги, Ајано Сато и Нана Такаги постигнаа олимписки рекорд од 2:53.89 за титулата пред фаворизираните Лоте ван Бек, Ирен Вуст и Антоанет де Јонг. Јапонија сега има 5 медали од вкупно 11 во брзо лизгање. Холанѓаните си заминуваат со 23 освоени медали од можни 36.
Американките ги победија Канаѓанките за бронзата, за прв медал во брзо лизгање за САД од 2010 година.