Американскиот карлинг тим ја комплетираше неверојатната Олимпијада со 10:7 победа над Шведска во финалето за прво олимписко злато во дисциплината во историјата на САД од дебито на спортот во Албервил во 1992 година.
Златото изгледаше неверојатно на почетокот на турнирот, откако Американците имаа 2-4 скор, но потоа стигнаа до три победи во низа за пласман во полуфиналето, каде што со 5:3 ги совладаа фаворизираните Канаѓани.
Шведска влезе во финалето како прворангирана репрезентација на светот, а претходно ги победија со 10:4 Американците во натпреварите по групи.
Американскиот тим беше предводен од капитенот Џон Шустер, за кого ова е четврта Олимпијада, а покрај него во тимот се и Тајлер Џорџ, Мет Хамилтон, Џон Ландстајнер и Џо Поло.