Финецот Иво Нисканен освои злато во нордиската трка на 50 километри победувајќи го Русинот Александер Болшунов. Ова е прво финско злато во Пјонгчанг и прв триумф во дисциплината по 58 години.
21-годишниот Болшунов водеше во финишот на трката, но Нисканен имаше повеќе сили и го претекна во последниот километар за победа со време од 2:08:22.1, убедливи 18.7 секунди за втор златен медал во кариерата по победата во тимскиот спринт во Сочи во 2014 година.
Среброто беше четврти медал за Болшунов во Пјонгчанг, откако освои две сребра во тимскиот спринт и 4х10 километри штафетата и бронза во индивидуалниот спринт. Неговиот сонародник, Андреј Ларков го освои бронзениот медал.