Хокераската репрезентација на Русија го освои златниот медал на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг. Русите кои на ЗОИ се натпреваруваат под неутрално знаме, во спектакуларното финале по продолжението ја совладаа Германија со 4:3.
Херој на Русите е Кирил Капризов, кој во ситуација со играч повеќе ја затресе мрежата на Германија во 10 минута од продолжението.
Русите водеа 1:0 со голот на Вјачеслав Војнов, а Германија израмни на половина од вториот период преку Феликс Шулц.
Со резултат 1:1 селекциите влегоа во третата третина која донесе вистински спектакл.
Гусев во 14.минута од невозможен агол погоди и и ја врати предноста на Русија. Германија израмни веднаш во наредниот напад, а потоа и поведе со 3:2. Русите израмнија во последната минута, кога рузикуваа и играа без голман, а потоа во продолжението стигнаа до златниот медал.
Русија го освои деветтото злато во историјата, додека Германија беше поразена во своето прво олимписко финале.
Хокеарите и го донесоа вториот златен медал на Русија на Игрите во Пјонгчанг.
Congratulations to #OAR who prevail in overtime in a thrilling match against #GER, 4-3, to take home #Gold in Men’s #IceHockey at #PyeongChang2018!
More news here: https://t.co/INj2SsJUkA pic.twitter.com/YjqH1X7o0n
— Olympic Channel (@olympicchannel) February 25, 2018