Американецот Дејвид Вајс го освои златниот медал во Пјонгчанг во фристајл скијање, во дисциплината халфпајп.
Вајс го одбрани златото кое го освои пред четири години во Сочи, а најсјаното одличје во Пјонгчанг му ја донесе токата во третата серија за која доби оценка 97,20.
Неговиот сонародник Алекс Фереира со 96,40 бода го освои сребрениот медал, а третото место му припадна на тинејџерот од Нов Зеланд Нико Портеус.
16-годишниот Новозеланѓанец освои 94,80 бода.