Германецот Андреас Велингер скокна од петтото место во првата серија до златен медал на големата скокалница (100-метарска) на Олимпијадата во Пјеонгчанг.
Иако главни фаворити беа освојувачот на новогодишната турнеја „4 Скокалници“, Полјакот Камил Стох и сонародникот на Велингер, Рихард Фрајтаг, херој на ноќните скокови во студената Кореја беше Велингер, кој по 104.5 метри во првата серија, постави рекорд на скокалницата од 113.5 метри во втората за да собере 259.3 поени за злато.
Lass laufen, Junge. Groß! Ab jetzt bis zu deinem letzten Tag: Olympiasieger Andreas #Wellinger.
❤❤❤ #HomeOfTheOlympics ► https://t.co/AaCTk22CVE pic.twitter.com/aS7lp06bia— Eurosport DE (@Eurosport_DE) February 10, 2018
Сребрениот медал отиде кај Норвежанецот Јохан Андре Форфанг со 250.9 поени (106 и 109.5 метри), а Норвежна стигна и до бронза преку Роберт Јохансон со 249.7 поени (100.5 и 113.5 метри). Стох на крајот беше четврти пред својот сонародник Штефан Хула.
Фрајтаг на крајот беше деветти, швајцарскиот ветеран Симона Аман беше на 11. место, пред Словенецот Петер Превц и актуелниот шампион од Светскиот куп, Австриецот Штефан Крафт. Јапонскиот ветеран Нориаки Касаи во своето прво натпреварување на осмата Олимпијада заврши на 21. место.
JAAAAAAAAAAAAAAA!!!! #HomeOfTheOlympics ► https://t.co/AaCTk22CVE pic.twitter.com/00OaW800Z0
— Eurosport DE (@Eurosport_DE) February 10, 2018