Корин Зутер победи во спуст трката на Зимските олимписки игри во Пекинг. За Швајцарката ова е прв олимписки медал. Со оваа победа, Зутер ги обедини светската и олимписката титула во оваа дисциплина.
Корин Зутер на патеката во Пекинг ги потврди прогнозите дека е една од фаворитките за највисок пласман. Таа победи со време 1:31.87 минути.
Бранителката на титулата, од пред четири години во Пјонгчанг, Софија Гоџа со време 1:32.03 минути, заврши на второто место. Среброто е голем успех за Италијанката, која се повреди непосредно пред почетокот на Олимписките игри.
На победничкиот пиедестал покрај Зутер и Гоџа се најде и Наѓа Делаго од Италија. Делаго во Пекинг го оствари најголемиот успех во кариерата.