АТП турнејата му одреди условна суспензија на германскиот тенисер Александер Зверев по неговиот шокантен потег на Мексико опен во Акапулко, со која тој ќе мора да внимава како се однесува на тениските терени во следната година дена, доколку не сака да биде суспендиран на 8 недели.
Германецот со руско потекло ја загуби контролата во меч во двојки кршејќи го рекетот од столчето на судијата Алесандро Хермани. За ова тој беше исфрлен од турнирот и доби казна од 40.000 долари, а сега олимпискиот шампион ќе мора да внимава како се однесува на терените барем до 22 февруари 2023 за да избегне суспензија.
24-годишниот Зверев беше критикуван од повеќе големи тениски имиња, додека Серена Вилијамс изјави дека доколку таа направела нешто слично ќе „завршела во затвор“. Зверев ќе се врати во акција на елитниот турнир во Индијан Велс оваа недела.
Alexander Zverev has been THROWN OUT of the Mexican Open for attacking the umpire's chair at the end of his doubles match ??? pic.twitter.com/CWhQ1r6kwj
— Amazon Prime Video Sport (@primevideosport) February 23, 2022