Александер Зверев го совлада трикратниот шампион Филип Колшрајбер со 6:3/6:3 во германското финале на Минхен опен, за да ја одбрани домашната титула.
Светскиот рекет број 3, имаше четири аса и искористи четири од своите шест брејк-топки за победа по час и 11 минути игра.
„Беше многу потесно отколку што покажува резултатот“, вели Зверев.
За 21-годишниот Германец ова е прва титула во 2018 и осма во кариерата, и доаѓа во вистинско време пред Мастерс турнирите во Мадрид и Рим и секако, Ролан Гарос.
34-годишниот Колшрајбер, кој победуваше во Минхен во 2007, 2012 и 2016 година, го играше шестото финале на турнирот на земја, а ова беше прво германско финале на АТП турнејата од Гери Вебер опен во 2016, кога Флоријан Маер го совлада Зверев.
Zverev does it again in Munich!
Tops fellow German Kohlschreiber 6-3 6-3 for second #BMWOpenbyFWU title. pic.twitter.com/gSUfY6Zavg
— Tennis TV (@TennisTV) May 6, 2018