Top Sport

Зверев го „стопираше“ Алкараз, сега чека на подобриот од мечот Ѓоковиќ-Надал

Александер Зверев е првиот полуфиналист на Франција опен, откако во возбудлива битка Карлос Алкараз стигна до 6:4/6:4/4:6/7:6(7) победа за да ја сопре лудата серија на шпанскиот тинејџер во меч во кој видовме врвен тенис во Париз.

Зверев покажа дека е во најдобра форма во својата кариера, освојувајќи ги првите два сета со по еден брејк, по што Алкараз успеа да ја врати рамнотежата во третиот сет. Четвртиот сет беше класика во која за секој поен имаше лута борба, но на крајот во тај-брејкот, Алкараз успеа да спаси само една меч-топка, пред Германецот да го комплетира мечот за 3 часа и 18 минути.

„Морав да го дадам мојот максимум. Тој постојано се враќаше во игра, и сите знаеме дека е голем тенисер, така што воопшто не беше лесно. Повеќе сакав да играм кога имаше сонце, бидејќи топчето е побрзо. Среќен сум што го добив тај-брејкот, уште сум тука“, изјави Зверев по мечот.

Можеби Карлос Алкараз е новата „голема“ работа во машкиот тенис, но Зверев покажа дека е подготвен да биде „голем“ во денешницата. Тој ќе мора да ја повтори формата во борбата за финалето, каде што ќе го чека меч или со актуелниот шампион Новак Ѓоковиќ или со 13-кратниот шампион од Париз, Рафа Надал.

Scroll to Top