Top Sport

Зверев го „збриша“ Шварцман за втора титула во две недели во Келн

Александер Зверев вторпат во две недели триумфираше во на Келн опен, откако во едностраното финале со 6:2/6:1 го збриша Аргентинецот Диего Шварцман за да го подобри својот скор в0 2020 на 23-8.

За светскиот рекет број 7 ова исто така е втора титула во низа на германско тло во две недели на истиот турнир (тогаш се викаше Келн 1, сега е Келн 2), и сега има вкупно 13 АТП титули. Германецот почна агресивно освојувајќи ги седумте гема на свој сервис во импресивен меч за само 1 час и 11 минути.

„Саша беше едноставни подобар. Заслужи да победи минатата недела, а денеска беше совршен“, призна Шварцман.

Зверев заработи 250 АТП поени и 13.320 евра за титулата.

 

Scroll to Top