Тениската историја ќе запише нов освојувач на гренд слем турнир вечерва, откако во финалето ќе се сретнат Германецот Александер Зверев и Австриецот Доминик Тим, и Зверев смета дека тоа е прикладно бидејќи во моментов тоа се двајцата најдобри тенисери на светот.
Зверев го игра своето прво големо финале, додека Тим по четврти пат е во ваква позиција, иако има претходно три порази во големите мечеви. Двајцата последен пат се сретнаа во полуфиналето на Австралија опен на почетокот на годината, каде што Тим победи во четири сета, но Зверев вели дека сега ситуацијата е поинаква.
„Едвај чекам, бидејќи сум во финалето на гренд слем. На теренот ќе играат двајцата најдобри тенисери на светот. Доминик и јас одигравме епски меч во Австралија и ќе биде исто и сега“, вели Зверев.
Тој е само четвртиот Германец кој стигнал до финале на гренд слем турнир во Опен ерата, и прв по 17 години, кога Рајнер Шитлер загуби на Австралија опен. Последен Германец со гренд слем беше Борис Бекер во 1996 година.