Top Sport

Зверев се сомнева дека лани тој и неговата девојка го „прележале“ корона вирусот

Германската тениска ѕвезда Александер Зверев вели дека се сомнева дека бил инфициран со корона вирусот на крајот на минатата година без да го знае тоа.

Неколку дена пред Нова Година, Зверев со неговата девојка Бренда Патеа беа на одмор во Кина, а по пристигнувањето во Австралија на АТП купот, двајцата се разболеле и Зверев тврди дека никогаш не се чувствувал полошо.

„Со мојата девојка бевме во Кина на 28 декември. Кога дојдов во Австралија кашлав цел месец, имав треска два-три дена во кои кашлав пет-шест часа. И Бренда беше болна. Не знаевме што беше тоа. Немав болки, но постојано кашлав секои десет секунди“, вели Зверев.

Тој ги загуби сите три сингл меча на АТП купот, по што Германија не ја помина групната фаза. Неговата форма се крена за време на Австралискиот опен, каде што првпат во кариерата стигна до полуфинале на еден гренд слем, пред да загуби од Доминик Тим.

Scroll to Top