Top Sport

Зверев „удри“ по АТП: Како може Федерер да биде пред мене на АТП листата?

Германскиот тенисер Александар Зверев јавно го искажа незадоволството од тоа како АТП го врши бодувањето, во последната година. Зверев смета дека системот на „заштитен пласман“ не е праведен и се прашува како е можно Роџер Федерер да биде пред него на АТП листата.

Александар Зверев на АТП листата се наоѓа на седмото место со 5.635 поени, додека Федерер, кој не играше 13 месеци е пред него со 6.375 поени.

„Голем сум фан на Роџер Федерер, но тој не играше една година и сепак е пред мене на листата. Играв Гренд слем финале, Мастерс финале…Овој систем е катастрофа“, рекол Зверев.

„Со овој систем рангирањето навистина не ми е важно. Мислам дека треба да бидам меѓу најдобрите четири-пет играчи во светот, дека тоа треба да биде нормално. Системот е смешен“, дополнил Зверев.

Scroll to Top