Најдобрата македонска фудбалерка, Наташа Андонова во јуни потпиша договор со тимот на Барселона, и сега имаше шанси да се фотографира со својот фудбалски идол со кого го дели и дресот – Лионел Меси.
23-годишната Андонова, која дојде во Каталонија од тимот на Пари Сен-Жермен, е капитен на македонската репрезентација.
„Да се игра за најдобриот клуб, кој го делиш со најдобриот играч, твојот идол. Па? Мисијата е успешна“, напиша Андонова.