Top Sport

Балканска средба со песна во Тексас – Дончиќ го пречека Марјановиќ

На стартот на тренинг-камповите во НБА лигата имаше една интересна средба, откако кошаркарите на Далас маверикс, Словенецот Лука Дончиќ и Србинот Бобан Марјановиќ се сретнаа со песна.

Марјановиќ на својот Инстаграм профил објави приказна во која во позадина е песната „Заборави на мојот број на телефон“ на Наташа Ѓорѓевиќ, која ја пее расположениот Дончиќ. Балканот не можете да го „избркате“ ниту во Тексас.

Ова не е првпат двајцата кошаркари да се забавуваат со песни, откако го направија истото во „меурот“ во Орландо кога се рестартираше НБА лигата во август.

Марјановиќ и Дончиќ се опуштаат со српски песни

Scroll to Top