Top Sport

Барселона го покажа својот „нов дом“

Каталонскиот гигант Барселона на социјалните мрежи го претстави стадионот на кој ќе ја игра целата наредна сезона. Се нарекува „Estadi Olímpic Lluís Companys“ и е попознат по прекарот „Монжуик“. Најавен е и мечот против Тотенхем на тој стадион, како прв на традиционалниот турнир Хоан Гампер.

Барселона мора привремено да се пресели бидејќи „Камп Ноу“ се реновира. Работите ќе чинат една и пол милијарда евра.

Целото трето ниво на трибините е урнато и целосно ќе се реконструира. Целиот паркинг во и околу стадионот е затворен, а на патеката на „Камп Ноу“ можат да влезат само работни машини.

 

Scroll to Top