Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во полуфиналето на ИТФ фјучерсот вреден 40.000 долари во Куршумлиска бања, Србија.
Ѓорческа во четвртфиналето во два сета лесно се справи со Французинката Луис Боисон победувајќи ја со 7:5, 7:6.
Во полуфиналето македонската тенисерка ќе се соочи со Доминика Салкова од Чешка.