Златан Ибрахимовиќ доби уште една сезона со тимот на Манчестер јунајтед откако во текот на летото Реал Мадрид беа заинтересирани за шведскиот ветеран. Според шпанскиот „Диарио гол“, главниот виновник зошто популарниот Ибра не пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ е ветото кое го поставил Кристијано Роналдо.
Според шпанските медиуми ова не е првпат португалската суперѕвезда да блокира трансфер на играчи, и тоа неодамна се случило со Единсон Кавани, Килијан Мбапе, Роберт Левандовски и Артуро Видал, што навистина претставува импресивна листа на играчи.
Дека Роналдо е првиот адут на тимот предводен од Зинедин Зидан е јасно, но тешко е да се верува дека моќта на Португалецот е толку голема што тој одлучува за засилувањата кои ќе дојдат во „кралскиот клуб“.