Top Sport

Алушовски го презеде кормилото на ГРК Охрид

Македонскиот стратег Стевче Алушовски по две години се враќа на домашната ракометна сцена и ќе го води ГРК Охрид. Тој потпиша тригодишен договор со клубот и ќе се обиде да создаде тим кој ќе се бори за највисок пласман во шампионатот.

„Среќен сум што се враќам во македонскиот ракомет, а посебно затоа што го превземам амбициозниот проект на ГРК Охрид. Ни претстои макотрпна работа на сите во клубот да го доведеме РК Охрид на едно повисоко скалило односно клуб кој ќе настапува во Европа и достојно ќе го репрезентира македонскиот и охридскиот спорт“, изјави Алушовски.

Тренерската кариера Стевче Алушовски ја градеше во Пелистер, Еурофарм Работник и во Вардар, а последно работеше во исландскиот Тор Акурејри.

Scroll to Top