Тренерот на ракометарите на Вардар Стевче Алушовски во интервју за специјализираниот ракометен портал „Балкан хендбол“, открил дека македонскиот репрезентативец Филип Талески ја одбил понудата да го облече дресот со црвено-црни бои.
Талески е во потрага по нов клуб откако му истече договорот со Балинген, а клубот објави дека нема да му понудат нов. Одлуката да остане во Германија и да го одбие Вардар за тренерот е неразбирлива.
„Не кријам дека сакам во Вардар да го видам Талески. Јавно го кажувам тоа. Има понуда летово да дојде во клубот, но тој сака да остане во Германија. Не ја разбирам неговата визија, не ја разбирам и визијата на Кузмановски, сметам дека најубаво е да се работи во својата држава. Сепак мораме да ги почитуваме нивните одлуки“, рекол Алошовки.
Тренерто на Вардар го најавил и доаѓањето во Скопје на левиот бек од Русија, Дмитри Санталов.
Санталов има 24 години, во изминатите пет сезони во дресот на Чеховски Медведи постигнал 184 голови во Лигата на шампионите.