Ракометниот тренер Андон Бошковски е назначен за селектор на репрезентацијата на Грузија.
Бошковски со националниот Сојуз на оваа земја ќе потпише двегодишен договори ќе ја предводи репрезентацијата во претквалификациите за пласман на Мундијалот во Германија и Данска.
Во мундијалските претквалификации Грузија ќе игра против Летонија, Литванија и Израел. Само победникот од турнирот ќе се пласира во квалификациите.
Бошковски во минатото беше деле од стручниот штаб на репрезентацијата, а работел и во Вардар, Металург, Работнички, Еурофарм Работник.