Top Sport

Атанасијевиќ останува во Еурофарм Пелистер до 2026 година

Eден од најталентираните македонски ракометари, Павле Атанасијевиќ, ќе остане во Еурофарм Пелистер до 2026 година, објави битолскиот клуб. Тој е задоволен од измнинатите три години во Битола и се сложи за продолжување на соработката.

„Дојдов пред три години и тоа беше ново искуство за мене. Со тек на време секоја година по година прогресив сè повеќе и повеќе. Прво започнав со тренерот Александар Јовиќ, кој ме упати, а потоа новиот тренер Ларс Валтер ми укажува на грешките и прави да бидам подобар играч. Ми дава мотив да напредувам и да играм подобро. Атмосферата тука е многу убава, посебно кога се игра пред полна сала. За мене ова е големо искуство, посебно кога играме на европската сцена. Тоа е мотив плус за мојата работа“, изјави Атанасијевиќ.

Еурофарм Пелистер цели на титулите во Македонија оваа сезона и се надева на добра презентација на европска сцена.

Scroll to Top