Вардар покажа апсолутна доминација во првото полувреме од враќањето во Лигата на шампионите, откако на гости кај Рајн-Некар Левен има предност од четири гола (16:12) по 30 минути игра.
Од почетокот на мечот, тимот на Роберто Гарсија Парондо наметна фантастично темпо во нападот, додека на голот блескаше Милосављев. РНЛ, кои сигурно се сметаат за ако не фаворити за титулата, тогаш за едни од главните кандидати за Фајнал фор, немаа одговор на играта на Вардар, кој го зголемуваше водството како што течеше мечот.
Во финишот, Германците успеаја барем малку да се вратат во игра, за да ги направат сите предуслови за интересно второ полувреме.
Милосављев имаше седум одбрани, додека Игор Карачиќ имаше шест гола, а Стоилов додаде три.
Фото: ЕПА