Речиси 40 минути изгледаше дека Пари Сен-Жермен на Раул Гонзалес, конечно, повторно ја „решил“ Барселона, откако домашните ракометари имаа постојана предност, пред актуелниот европски шампион да стигне до драматично 28:28 реми во Париз.
ПСЖ имаше предност од два гола по првото полувреме, и ја оддржуваше предноста на почетокот на второто полувреме, пред Барса да почне да игра многу подобро и да има +2 (21:23) на 12 минути пред крајот на мечот. Во драматична завршница, Матју Гребиј во последната секунда извлече реми за ПСЖ, пред Дика Мем да не успее во последниот обид за Барселона. Феран Соле заврши со осум гола за ПСЖ, Недим Ремили додаде шест, додкеа Ланжаро имаше 7 гола за Барселона.
За неизвесноста во групата Б се погрижија и Флензбург, кои првпат од 2008 година успеаја да ги победат Веспрем, овојпат со 30:27 за четврта победа во последните пет меча. Бејнамин Буриќ имаше 17 одбрани, а седум гола постигна Мадс Менсах Ларсен. Во овој период од 2008, Флензбург загуби осум пати од Веспрем и само еднаш играше нерешено. Ситуацијата во групата Б уште ја закомпликуваа Порто, кои со 29:27 го победија лидерот во групата, полскиот Кјелце.
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ
ГРУПА А
Пик Сегед – Кил 30:26 (19:13)
ГРУПА Б
Пари Сен-Жермен – Барселона 28:28 (17:15)
Динамо Букурешт – Мотор Запорожје 33:29 (16:14)
Флензбург – Веспрем 30:27 (16:12)
Порто – Кјелце 29:27 (14:14)