Top Sport

Барса со фуриозен финиш против Алборг, ПСЖ моќно во Романија

Барселона го продолжи „маршот“ во ЕХФ Лигата на шампиони, откако во дербито со 39:33 триумфираше на гости кај Алборг, покажувајќи дека уште се главни во европската ракометна елита.

Во интересното и неизвесно прво полувреме се мислеше повеќе на нападот отколку на одбраната, а Алеиш Гомез со шест гола ги остави Барса во игра за 19:19 по половина час игра. Иронично, влегувањето во игра на данскиот голман Емил Нилсен го „сврте“ мечот, откако тој во 20 минути имаше 15 одбрани а Барса направи голема предност.

Пред 5 илјади фанови во Букурешт, Динамо немаше шанси против фантастичниот напад на Пари Сен-Жермен, кои стигнаа до импресивна 36:29 гостинска победа. Со серијата од 6:2 во финишот на првото полувреме, францускиот клуб поведе со 16:12, за на крајот романскиот клуб да прими 22 гола во првото полувреме. Елохим Пранди беше најдобар стрелец со 9 гола за ПСЖ да го има својот најдобар старт на една сезона од 2019 со четири победи во првите пет кола.

Пик Сегед, пак ја зголеми мизеријата на Елверум, кои имаат шест порази во низа и 15 меча без победа, најлош серија во натпреварувањето.

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 5.КОЛО
ГРУПА А
Динамо Букурешт – Пари Сен-Жермен 29:36 (16:22)
ППД Загреб – Висла Плоцк 26:26 (14:15)
ГРУПА Б
Пик Сегед – Елверум 30:23 (16:10)
Алборг – Барселона 33:39 (19:19)

Scroll to Top