Top Sport

Барселона го комплетираше составот на Фајнал фор турнирот

Барселона, Магдебург, Пари Сен-Жермен и Кјелце ќе се борат за титулата во ЕХФ Лигата на шампиони на Фајнал фор турнирот во Келн, откако каталонскиот клуб го потврди последното место со нова убедлива победа од 36:31 (20:13) над данскиот ГОГ.

По гостинска 37:30 победа во Данска, Барселона требаше само рутински да го доврши и вториот меч за да се пласира на Ф4 во лов на уште една европска титула. Тие не дозволија никакво изненадување во меч во кој гостите ниту еднаш не беа во водство, правејќи предност од осум гола (20:12) во финишот на првото полувреме, за потоа со пола сили да го доведат мечот до крај.

Луис Фраде уфрли седум гола за Барса, Дика Мем заврши со пет, додека за ГОГ, Емил Мадсен беше најефикасен со пет постигнати голови.

Scroll to Top