Top Sport

Белорусите лесно против Србија, сигурен почеток на Германија (видео)

Белорусија со 35:30 ја совлада Србија, додека Германија со 34:23 ја декласираше Холандија на отварањето на Европското првенство во ракомет во 2020 година, на кое Македонија дебитира утре со меч со Украина.

Белорусите од стартот до финишот беа подобриот тим во првиот меч од групата А, за да имаат и +8 предност, за на крајот да се опуштат и да стигнат до 35:30 победа. Вечерва во вториот меч од истата група, играат првите фаворити Хрватска и Црна Гора. Каралек имаше девет гола за победничкиот тим, а по пет имаа Кулеш и Шилович, додека за Србите најдобар беше Богдан Радивојевиќ со шест гола.

Германците пак, во првото полувреме не успеаја да се одвојат од Холанѓаните, но затоа доминираа во второто за победа со 11 гола разлика во тешката група во која се и актуелниот шампион Шпанија, како и Летонија на Даинис Криштопанс. Хафнер и Колбахер имаа по пет гола за „маншафт“, додека Волф беше одличен со 14 одбрани. Холанѓаните ги предводеше Смитс со седум гола.

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО 2020

ГРУПА А

Белорусија – Србија 35:30 (16:15)

Хрватска – Црна Гора 20.30 ч.

ГРУПА Ц

Германија – Холандија 34:23 (15:13)

Шпанија – Летонија 20.30 ч.

Scroll to Top