Top Sport

Бојан Маџовски потпиша за Ловќен

Македонскиот ракометен репрезентативец Бојан Маџовски го напушта домашниот шампионат и ќе гради интернационална кариера. Тој потпиша едногодишен договор со Ловќен, со опција за продолжување на соработката за уште една дополнителна година.

Маџовски во Ловќен доаѓа како слободен играч откако му истече договорот со македонскиот првак Еурофарм Пелистер.

За него ова ќе биде прво интернационално искуство. Тој потекнува од школата на Металург.

Scroll to Top