Голманот на РК Вардар и поранешен истакнат ракометен репрезентативец, Борко Ристовски, излезе пред јавноста да ја коментира четиригодишната суспензија од МОК, поради изнесување на „клевети, невистини за претседателот Даниел Димевски“ во ТВ емисија. Неговата правна поддршка, адвокатот Гого Анастасијевиќ, истакна дека суспензијата нема голем опсег.
„Ова покажува како се работи, како ја донеле одлуката, има за цел да ги заплаши, да ги одврати од намерите, стратешка одлука која има за цел да ја одврати јавноста, нејзиниот опсег не го задира Борко во неговата работа“, објасни адвокатот Атанасијевиќ.
Борко Ристовски ќе продолжи уште пожестоко, како што најави, да се заложува луѓето како Даниел Димевски да се тргнат од спортот.
„Одлуката на Даниел Димевски се базира на страв и на немоќ и тој мисли дека ќе ме одврати од тоа што сум го почнал. Човекот се одлучи да се крие зад МОК и ќе ви покажеме дека можеше да поднесе тужба за клевета, ние не ја почитуваме, нема да се жалиме, нема да им даваме легитимитет на нивни интерни одлуки. Мојата борба е да се тргнат ваквите луѓе од спортот, Димевски се прецени, мислеше дека со ваква банална рсбота ќе ме заплаши, напротив, само ме мотивираше“, изјави Борко Ристовски.
Тој најави и дека ќе поднесе тужба за отштета од 180.000 евра до 230.000 евра на Спортскиот суд во Лозана , а парите ќе ги донира во хуманитарни цели, односно за ФК Вардар и за РК Вардар. Нема намера да се кандидира за претседател на МОК, и ги повика Јавното обинителство и Антикорупциската комисија да се позанинаваат со МОК и со Даниел Димевски, доставувајќи и документи од неговите „малверзации“.