Вардар, вчера, избори пласман на завршниот турнир во ракоемтната Лига на шампиони каде ќе ја брани титулата освоена минатата година.
Вардар беше поразен во реваншот од Кил 27:28, меѓутоа избори пласман во келн благодарение на победата во првиот меч 29:28. Двата тима во СЦ „Јане Сандаснки“ одиграа извонреден натпревар, кој го обележаа неколку играчи, а тројца од актерите најдоа место во идеалниот тим на ЕХФ.
Честа на Вардар ја брани Вуко Борозан кој со шест гола беше најефикасниот играч на црвено-црните.
Покрај левиот бек на Вардар, во идеалната постава се уште и голманот на Монпелје Венсан Жерар, левото крило на Нант Доминик Клајн, средбиот бек и десното крило на Кил, Миха Зарабец и Никлас Екберг, односно десниот бек и пикерот на ПСЖ, Недим Ремили и Јаспер Нилсен.
Инаку вардаровиот бомбардер, Борозан, според изборотна ЕХФ го псотигна вториот најубав гол во четврт-финалните реванши, што може да го погледнете на следниот линк.
фото: rkvardar.mk