Бразил со 24:22 ја победи Србија за да ги освои првите поени на Светското првенство во ракомет во Германија и Данска, за речиси сигурно да ги уништи шансите на „орлите“ за втора рунда, додека во нашата група, Исланд без мака со 36:18 го совлада Бахреин за да потврди дека ќе биде најголемата пречка на Македонија за пласман понатаму.
Бразилците почнаа „фуриозно“ и имаа предност од 10:5 по неполни 20 минути игра, предност која ја сочуваа и на полувремето (11:14). Во второто полувреме, голманот на Вардар, Дејан Милосављев со неколку одбрани ги врати Србите во игра, за во драматичниот финиш, Србите да се вратат од 19:22 на 21:22, меѓутоа на крајот победата отиде кај јужноамериканците. Толедо со пет гола беше најдобар кај победниците, додека Радивојевиќ и Марсениќ имаа исто толку голови за Србија.
Исланд јасно стави на знаење дека оди на втора рунда на Мундијалот, откако со 38:16 го „збриша“ Бахреин за први поени на шампионатот по поразите од Шпанија и од Хрватска. Арнор Гунарсон беше фантастичен со осум голови, додека пет имаше Гудмундсон.
Фото: ЕПА
СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ГЕРМАНИЈА/ДАНСКА, 3.КОЛО
ГРУПА А
Србија – Бразил 22:24 (11:14)
Русија – Германија 18.00 ч.
Франција – Кореја 20.30 ч.
Табела: 1.Германија 4, 2.Франција 4, 3.Русија 3, 4.Бразил 2, 5.Србија 1, 6.Кореја 0
ГРУПА Б
Исланд – Бахреин 36:18 (16:10)
Македонија – Хрватска 18.00 ч.
Шпанија – Јапонија 20.30 ч.
Табела: 1.Шпанија 4, 2.Хрватска 4, 3.Македонија 4, 5.Исланд 2, 5.Јапонија0 , 6.Бахреин 0
ГРУПА Ц
Тунис – Чиле 36:30 (18:15)
Норвешка – Австрија 17.30 ч.
Данска – Саудиска Арабија 20.15 ч.
Табела: 1.Данска 4, 2.Норвешка 4, 3.Австрија 2, 4.Тунис 2, 5.Чиле 2, 6.С.Арабија 0
ГРУПА Д
Унгарија – Катар 32:26 (16:11)
Аргентина – Египет 18.00 ч.
Шведска – Ангола 20.30 ч.
Табела: 1.Унгарија 5, 2.Шведска 4, 3.Катар 2, 4.Ангола 2, 5.Аргентина 1, 6.Египет 0