Поранешниот македонски селектор Данило Брестовац и официјално е промовиран за нов кормилар на ракометната репрезентација на Обединетите Арапски Емирати. Тој доби одлична понуда од Блискиот исток и реши да ја прифати, па експресно замина за Дубаи.
Брестовац во наредниот период ќе го очекуваат големи предизвици со новата селекција, а како што може да се забележи и брзо прифати дел од модата, па носи модерни шеик – сандали.