Ракометната репрезентација на Хрватска вчера се состана во Загреб за првпат по 9 месеци, по финалето против Шпанија (20-22).
Избраниците на Лино Червар тренираат во „Домот на спортовите“ во Загреб, се подготвуваат за дуелот против Унгарија, в сабота.
Поради корона-кризата хрватскиот селектор мораше да направи големи промени во составот.
Поради позитивен ПЦР тест или поради задолжителна самоизолација, Червар не може да смета на Иван Пешиќ, Давид Мандиќ, Јосип Божиќ-Павлетиќ, Марин Шипиќ, Ловро Михиќ, Игор Караџиќ, Марко Мамиќ, Матеј Хрстиќ, Мате Шуњиќ, а на оваа листа се додаваат и Матеј Ашанин и Валентин Равниќ.
Сепак, добра вест за селекцијата на „коцкастите“ е доаѓањето на Иван Чупиќ кој излезе од изолацијата во Вардар 1961. Нема настап за селекцијата веќе 3 години.
Покрај него, место во репрезентацијата има и за Мануел Штрлек кој го пропушти овогодинешнотот ЕП.