„Овој грабеж го виде целиот свет! Судиите треба да завршат в затвор. Оваа не е прв пат. Нас Данци ни ги одзедоа првенствата во 2008, 2009 и 2010 година и тоа треба јавно да се каже“, беснеел Хрватскиот селектор Лино Червар по драматичниот пораз на неговата репрезентација од Германија (21:22).
Хрватска по овој пораз остана без шанси да стигне до едно од првите две места, а во некои комбинации може да остане дури и без пласман на Олимписките игри.
Поради ваквите обвинувања Червар може да очекува драстична казна од страна на ИХФ, но тој се сомнева дека ќе биде санкциониран.

„Нема да ме казнат. Во ракометот сум 45 години и јас тоа смеам да го кажам. Не ги навредував судиите и не бев некултурен“, рекол Червар.
Селекторот, но и стручниот штаб и ракометарите по мечот во Келн им беа лути на данските судии Хансен и Гједлинг. Тие во последната минута, при еден гол предност за Германија и напад на Хрватска, на Карачиќ му досудија пробивање, кога тој веќе му ја додаде топката на Штрлек, кој имаше зицер за израмнување.