Ракометарот на Металург, Халил Јагањац останува во Металург, откако ја одбил понудата на Лино Червар да стане ракометар на ППД Загреб, јавува хрватскиот портал „Индекс“.
19-годишниот риечанин дојде во Металург кога Червар беше на чело на македонскиот вице-шампион, откако имаше кратка авантура во Пари Сен-Жермен, каде што не успеа да се избори за повеќе минути.
Јагањац во деби-сезоната во СЕХА лигата беше најдобар стрелц во лигата, а Червар му даде шанса да дебитира и за Хрватска на минатото Европско првенство. Според „Индекс“, Јагањац се чувствува „како дома“ во Скопје и верува дека Металург е вистинското место за да го гради својот талент.