Европското првенство во ракомет во Хрватска во јануари во земјата домаќин беше одбележано со рекламата на телеком компанијата „Теле 2“ на која нивниот селектор, Лино Червар ги мотивира своите играчи со помалку чуден говор.
Поранешниот македонски селектор и тренер на Металург во директна порака до Ловра Михиќ, Стипе Мандалиниќ и Лука Циндриќ им кажува дека не наликуваат на Мирза Џомба, Блаженко Лацковиќ и Ивано Балиќ и дека „можеби не се родени златни“, но дека можат тоа да постонат.
Сега, тој признава дека тоа не било негова идеја.
„Тоа не беа мои мисли, тоа го направив од комерцијални причини. ’Теле 2’ бараа да ги кажам токму тие зборови. На почетокот одбивав бидејќи не се согласувам со таква споредба, но бидејќи ги добивме парите, го направив тоа“, признава Червар.