Четворица ракометари на Вардар најдоа место во идеалниот тим на сезоната во регионалната СЕХА лига. Овoј избор го направија капитените на сите десет екипи што беа дел од СЕХА лигата сезонава.
Во надобрата седумка од вардар се голманот Дејан Милосављев, левото крило Тимур Дибиров, средниот бек Игор Карачиќ и десниот бек Данис Криштопанс.
Ол стар тим за сезона 2018/2019:
голман – Дејан Милосављев (Вардар)
лево крило – Тимур Дибиров (Вардар)
Лев бек – Петар Ѓорѓиќ (Мешков Брест)
среден бек – Игор Карачиќ (Вардар)
десен бек – Даинис Криштопанс (Вардар)
десно крило – Златко Хорват (ППД Загреб)
пивотмен – Марин Шипиќ (Нексе)
тренер – Маноло Каденас (Мешков Брест)
МВП – Златко Хорват (ППД Загреб)
Дефанзивец – Павел Хорак (Мешков Брест)