Top Sport

„Четврта среќа“ – Данска моќно преку Норвешка за прва светска титула

По три порази во финалињата на Светските првенства, Данска во Хернинг ја победи Норвешка со 31:22 (18:11), за првпат во својата историја да стане светски шампион додека во исто време е актуелен олимписки шампион.

Данците шампионатот го завршуваат без пораз, доминирајќи од првиот до последниот меч, за по поразите во финалињата во 1967, 2011 и 2013, конечно да можат да се пофалат дека се и светски шампиони.

Почетокот на мечот ветуваше израмнет меч, откако Норвежаните имаа еден гол предност, но како што течеше полувремето, Данците ја преземаа иницијативата и по првите 30 минути игра имаа предност од дури седум гола (18:11). Секаков обид за враќање на Норвежаните во игра остана залуден и на крајот разликата достигна дури и 11 разлика, пред конечните 31:22.

Микел Хансен повторно беше лидер на Данците со седум гола, Лауге и Олсен имаа по пет, а Ларсен четири. На Норвежаните им беа залудни десетте гола на Јендал.

СП ГЕРМАНИЈА/ДАНСКА 2019

1.Данска, 2.Норвешка, 3.Франција,

4.Германија, 5.Шведска, 6.Хрватска, 7.Шпанија, 8.Египет

Scroll to Top